ПЕТГОДИШНАТА АЈСЕ ИЗВЛЕЧЕНА ПО СЕДУМ ЧАСА ОД УРНАТИНИТЕ Ja довикувале, а таа велела дека е добро (ВИДЕО)

По извлекувањето Ајсе цврсто го држела својот татко додека оделе кон брзата помош.

„Со свои раце копавме за да ги извлечеме мајката, таткото и синот. А тоа го направивме и за малата Ајсе. Успеавме да ја извлечеме. Штом слушнав што се случи, влеговме во автомобилот и побрзавме овде“.

Вака изјавила една вработена наставничка со мајката на петгодшната Ајсе која цели седум часа беше заглавена под урнатините. Ајсе ја довикувале, а таа рекла дека е добро. Другите членови на фамилијата биле извлечени уште утрово, но извлекувањето на девојчето било предизвик. Нејзината мајка успеала да испрати групна порака до колегите.

По извлекувањето Ајсе цврсто го држела својот татко додека оделе кон брзата помош.

Кратко по извлекувањето се случил вториот земјотрес во Туркије. Медиумите велат дека по првиот потрес утринавата имало над 100 помали шокови. Вториот потрес се случи негде после пладне.

Досга се потврдени над 1.300 загинати лица во големата несреќа. Помошта пристигнува од разни земји во светот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ