Балкан

Изетбеговиќ по 23 години нема да биде на власт во

Претседателот на Партијата за демократска акција, Бакир Изетбеговиќ за прв пат од 2000 година, нема да биде на ниту една функција во власта во Босна и Херцеговина. По 23 години, како што објавија сараевските медиуми, Изетбеговиќ ќе биде само претседател на Партијата за демократска акција, бидејќи денеска беше потврдено дека нема да биде кандидат за […]

Свет

Во САД обновени домашните летовите

Во САД обновени се сите домашни летови откако беа суспендирани поради дефект во компјутерскиот систем за следење летови. Првите авиони што полетаа беа од Атланта и од аеродромот Њуарк во областа Њујорк, објави американската Федерална управа за авијација (ФАА) на Твитер. Според ФАА постигнат е напредок во отстранувањето на компјутерски дефект поради што беа приземјени […]

Свет

Бајден: Се истражува причината за падот на системот за цивилно

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека наредил истрага поради падот на системот на Федералната управа за авијација, што предизвика приземјување на повеќе авиони во Америка и додаде дека засега не е позната причината за дефектот. Бајден им рече на новинарите во Белата куќа дека разговарал со секретарот за транспорт Пит Бутигег и дека треба […]

Свет

Кристерсон: Очекувам Турција да го ратификува влезот на Шведска во

Шведска направи сè што и вети на Турција и сега очекува турскиот Парламент да го ратификува нејзиниот влез во НАТО, изјави денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон. Кристерсон рече дека неговата неодамнешна изјава дека Шведска не може да ги исполни барањата на Турција за да го ратификува нејзиниот влез во НАТО била погрешно протолкувана. Тој рече […]

Свет

Покрената истрага против новата претседателка на Перу

Канцеларијата на главниот обвинител на Перу соопшти дека покренала истрага против новата претседателка Дина Болуарте и членовите на нејзиниот кабинет поради насилните судири во кои од почетокот на декември загинаа најмалку 40 луѓе, а стотици беа повредени. И покрај тоа, новата влада со големо мнозинство гласови ја доби довербата од Конгресот. Во случај на неуспех, […]

Свет

Киев демантира дека Соледар е под руска контрола

Украинските вооружени сили ги негираа руските тврдења дека Русија веќе го контролира малиот град Соледар во источна Украина, јави ДПА. – Русите велат дека Соледар е под нивна контрола. Тоа не е точно, изјави денеска портпаролот на украинските вооружени сили, цитиран од медиумите во Киев. Тој додаде дека Генералштабот на Украина ќе даде информации за […]

Свет

Зеленски: Мораме да бидеме подготвени на границата со Белорусија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските вооружени сили мора да „бидат подготвени“ на границата со Белорусија. Неговата изјава уследи откако белоруското Министерство за одбрана минатата недела соопшти дека Москва и Минск го засилија заедничкото воено групирање во Белорусија преку испраќање на оружје, војници и специјализирана опрема. – Разговаравме за заштитата на државната […]

Свет

Билстром: ЕУ е подготвена за долга војна во Украина

Шефот на шведската дипломатија Тобиас Билстром истакна дека Европска Унија е „подготвена за долга војна“ во Украина и оти ќе го поддржи Киев против руската агресија „колку што ќе биде потребно“. – И покрај постојаните обиди на Русија да не подели, единството во ЕУ и преку Атлантикот беше силно. ЕУ е подготвена за долга војна […]

Балкан

Косовската Влада издвои 70.000 евра за објавување на книга на

Владата на Косово одвои 70.000 евра за финансирање на книгата на Вилијам Вокер, во која поранешниот шеф на Мисијата на ОБСЕ ги искажува своите ставови за настаните во Рачак во 1999 година, јави БЕТА. Косовскиот премиер Албин Курти на владина седница истакна дека книга се финансира поради нејзиното „историско значење“. – Оваа недела се навршуваат […]

Свет

Во САД суспендирани сите внатрешни летови поради пад на НОТАМС

Сите домашни летови во САД денеска се суспендирани до девет часот по американско источно време (14 часот по Гринич) поради голем дефект на системот, објави Федералната управа за авијација (ФАА). Според ФАА летовите се суспендирани поради пад на Системот за известување за воздушни мисии (НОТАМС). Пилотите преку НОТАМС добиваат информации за безбедноста пред полетувањето.