Бајден во март ќе го презентира предлог-буџетот на САД

Американскиот претседател Џо Бајден на 9 март ќе претстави предлог за американски план за трошоци, jавија американски медиуми повикувајќи се на неименуван извор запознат со планот на Белата куќа.

Бајден утре во Белата куќа ќе се сретне со претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти, за да разговара за планираните владини трошоци, вклучително и приближувањето до лимитот на државниот долг на САД.

Мекарти е подготвен да разговара за секоја мерка во врска со лимитот на националниот долг, додека Бајден останува на ставот дека не подигањето на лимитот на долгот за плаќање на претходно одобрениот американски буџет не е добра основа за дискусија.

Американскиот претседател може да претстави предлог-буџет, но на Конгресот е да донесе каква било легислатива или мерка поврзана со буџетот.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен претходно изјави дека САД би можеле да го достигнат лимитот на долгот уште во јуни и го повика Конгресот да преземе конкретни мерки во врска со таа ситуација.

Демократите на Бајден го имаат мнозинството во Сенатот, додека републиканците го презедоа мнозинството во Долниот дом по минатогодишните избори.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *