Среда, 25 ноември 2026 среда, 25 ноември Струга 2°C Струга 2°C Пријави вест
Македонија

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денара, цените на другите горива не се менуваат

Објавено: · 1 мин читање
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денара, цените на другите горива не се менуваат

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемува за 2,00 денара и ќе чини 85,50 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат. са/дма/Фото: МИА .