Берлин, Париз и Варшава ветија помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија

Германија ќе испрати помош за регионите погодени од разорниот земјотрес во Турција и Сирија, кој однесе стотици животи. Ова го изјави сојузниот канцелар Олаф Шолц.

Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер објави дека Франција е „подготвена да обезбеди итна помош за населението“ во Турција и во Сирија Тој изрази сочувство до роднините на загинатите.

„Изразувам искрено сочувство до мојот турски колега Мевлут Чавушоглу, неговата земја и турскиот народ“, објави шефицата на француската дипломатија Катрин Колона на Твитер, ветувајќи помош од Франција.

Таа не ги коментираше последиците за Сирија.

„Во врска со земјотресот во Турција и барањето на турските власти за помош, предложив на местото да се испрати засилен тим за пребарување и спасување“, објави полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински на Твитер. Тој објасни дека се работи за тим од 76 спасувачи и осум кучиња.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *