Бола Тинубу прогласен за победик на претседателските избори во Нигерија

Нигериската Државна изборна комисија денеска го прогласи кандидатот на владејачката партија Бола Тинубу за нов претседател на Нигерија по изборите од викендов, што беа оспорени и наидоа на критики од опозициските партии.

Победата на Тинубу ја прошири контролата на владејачкиот Сепрогресивен конгрес (АПЦ) во најнаселената африканска нација, иако тој наследи голем број проблеми од претходникот Мухамаду Бухари.

Поранешниот гувернер на Лагос освои 8,79 милиони гласови, а неговиот главен опозициски противник Атику Абубакар 6,98 милиони гласови. Аутсајдерот Питер Оби, кој е популарен меѓу помладите гласачи, собра 6,1 милион гласови.

Според нигерискиот изборен закон, кандидатот победува ако освои повеќе гласови од неговите ривали, но само ако добие 25 отсто од гласовите во најмалку две третини од 36-те држави и главниот град Абуџа.

Пензионираниот армиски генерал Бухари, по осум години на чело на државата колку што се дозволени со Уставот, се повлече од функцијата, но не го исполни своето ветување дека ќе го врати редот и безбедноста низ Нигерија, најголемиот производител на нафта во Африка.

Новиот претседател ќе мора да се справи со проблемите на високата инфлација, длабоката сиромаштија и недостигот на енергија, исламистичкиот бунт на североистокот, кражбата на индустриска нафта на југот и неконтролираниот криминал насекаде.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *