Борел: Обезбедувањето муниција за Украина може да го одреди исходот на војната

Европската Унија треба да обезбеди Украина да има доволно муниција за да ја продолжи борбата против руската инвазија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Тој во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, рече дека тоа е најитното прашање.

– Ако не го сториме тоа, исходот од војната е во опасност, рече Борел.

Тој изјави дека руската артилерија истрелува околу 50.000 истрели дневно и дека Украина треба да биде на исто ниво. Според Борел, Украина има топови, но нема муниција.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *