Бразилскиот претседател Лула нема да оди ниту во Русија, ниту во Украина

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека нема да ги посети Русија или Украина поради тековната војна, но дека сепак се залага за мирно решение на конфликтот.

Левичарскиот лидер на настан во главниот град Бразилија рече дека конфликтот предизвикан од руската инвазија на Украина денес би требало да биде незамислив.

– Во 21 век не треба да биде ни можно да имаме војна за мали нешта, изјави тој.

Лула ова го изјави откако преку видео-врска разговараше со неговиот украински колега Володимир Зеленски, кој го покани да го посети Киев.

Зеленски се обидува да добие меѓународна поддршка од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година, вклучително и посети од различни шефови на држави, како што е американскиот претседател Џо Бајден.

Лула претходно се залагаше за создавање група земји кои ќе посредуваат во изнаоѓање мирно решение за конфликтот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ