Бројот на еврејски доселеници на Западниот Брег надмина половина милион

Повеќе од половина милион еврејски доселеници сега живеат на Западниот Брег, соопшти група за поддршка, а нивните лидери предвидуваат уште побрз раст под новата израелска ултра-националистичка влада.

Како што е наведено, популацијата на еврејските доселеници порасна на 502.991 до 1 јануари, што е зголемување од 2,5 отсто за 12 месеци и за речиси 16 отсто во последните пет години.

Толкавиот број се смета за пресвртница, а е забележан во време кога новата влада на Израел, составена од ултранационалистички партии кои се против палестинската државност, го стави проширувањето на еврејските населби на врвот на својата листа на приоритети.

Таа влада веќе најави легализација на дивите населби и дека ќе го забрза издавањето дозволи и ќе ја зголеми изградбата на куќи за еврејските доселеници низ Западниот Брег.

Барух Гордон, директор на група приврзаници на еврејските доселеници, предвиде дека ќе има повеќе изградба отколку во изминатите две децении.

Еврејските населби се прошируваа под секоја израелска влада, дури и во екот на мировниот процес во 1990-тите.

И претходната израелска влада, во која беа вклучени партии кои го поддржуваат формирањето на независна Палестина и оние кои се против, продолжи да гради населби.

Извештајот за бројот на еврејските доселеници е објавен во време на зголемено насилство во регионот и по посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој изрази поддршка за независна палестинска држава.

Бројот на доселеници продолжи да расте за време на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден и покрај постојаните апели на Американците да се запре изградбата по завршувањето на мандатот на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, кој не се мешаше.

Извештајот за бројот на еврејски доселеници не ги вклучува повеќе од 200.000 Евреи кои живеат во анектираниот Источен Ерусалим.

Три милиони Палестинци живеат на Западниот Брег и Источен Ерусалим.

Израел ги освои Западниот Брег и Источен Ерусалим заедно со Појасот Газа во војната во 1967 година. Палестинците се стремат да основаат сопствена независна држава на сите овие територии. ј

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *