Парламентот на Австрија одобри нацрт-законот кој ќе им овозможи на властите привремено да ги конфискуваат автомобилите на луѓето фатени како возат далеку над дозволената брзина. Австриските пратеници вчера го одобрија предлог-законот со кој се предвидува привремено одземање на автомобилите на лицата кои ја надминуваат дозволената брзина за повеќе од 60 километри на час во населени […]
На Флорида бил снимен моментот кога ајкула во плиткото кружела околу капачите кои панично бегале од водата, а оние кои не го забележале „огромниот ѕвер“ останатите од плажата ги повикувале брзо да излезат. Американските медиуми јавиле дека видеото е снимено на 3 јули од посетителка на плажата во гратчето Навара Бич. На видеото се гледало […]
Еден посилен и неколку послаби земјотреси утрово ја погодија Италија. Земјотресите се регистрирани во близина на градот Месина на Сицилија. Првиот земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала е регистриран во 6 часот и 7 минути. Во наредниот час се регистрирани неколку послаби, со јачина од околу два степени според Рихтеровата скала.
Една од играчките возови во забавниот парк во Висконсин се заглавила и останала да виси во воздух. Осум патници останале заглавени во возот и виселе наопаку повеќе од три часа, соопшти пожарникарската служба Крандон. „Имаше механички дефект за време на возењето и возот се заглави во исправена положба“, изјави капетанот на противпожарната служба Бренан Кук. […]
Шпанија е зафатена од првиот летен топлотен бран со екстремно високи температури кои надминаа 40 степени Целзиусови. Во Мадрид денеска на некои места се евидентирани 45 степени Целзиусови, а екстремно високи температури се забележани и во јужните градови Севиља и Кордоба. Институтот за метеорологија (AEMET) издаде предупредување за осум од 17 автономни управи на Шпанија. […]
Во самата Москва и на периферијата на градот, според западните медиуми, во тек се бурни подготовки за пристигнување на конвојот платеници на „Вагнер“ предводен од Евгениј Пригожин, кој започна вооружен бунт против армијата и режимот. „Вагнерци“ ги освоија градовите Ростов и Воронеж, а конвојот сега беше виден на нешто повеќе од 400 километри од Москва. […]
Не е познато дали Путин бил во авионот. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно објави дека Путин е во Москва и работи во Кремљ Авионот што вообичаено го користел рукиот претседател Владимир Путин полетал од Москва кон Санкт Петербург. По извесно време авионот исчезнал од Флајтрадар, што најверојатно значи дека ги исклучил уредите за следење. […]
На социјалните мрежи се појавила снимка која прикажува драматичен момент во кој капачите се обидуваат да побегнат на безбедно по водата до брегот додека ајкулата се приближувала на брегот на плажата Коста Бланка во Шпанија. Спасувачите дувале во свирчињата за да ги предупредат мештаните и туристите на големата ајкула и ги повикале што побрзо да […]
Во американската држава Невада жителите се мачат со милиони мормонски скакулци. Наездата на овие инсекти почнала во понеделникот, на 12-ти јуни. Мормонските скакулци можат да пораснат до 8 центиметри, а како што пренесуваат странските медиуми, овие инсекти ги прекриле улиците, вегетацијата, ѕидовите на локалните болници и станбени објекти во градот Елк во Невада. 🦗 Millions […]
Дел од планинскиот врв во австриската провинција Тирол се откина, испраќајќи над 100.000 кубни метри карпи во долината долу и предизвикувајќи масивни лизгања на земјиштето. Карпите почнаа да паѓаат во неделата од Флухторн, планина висока речиси 3.400 метри во Алпите Силврета на границата меѓу Швајцарија и Австрија, во инцидент за кој геолозите велат дека бил […]