Американската армија изврши повеќе воздушни напади во Сирија врз цели на милитантни групи поддржани од Иран и одговорни за претходен напад со беспилотно летало, во кој загина еден, а повредени се неколку припадници на американскиот персонал. Пентагон синоќа објави за нападот врз американскиот персонал и за американските воздушни напади врз милитанти. Нападот на базата на […]
Заменичката на британскиот секретар за одбрана Анабел Голди потврди дека Лондон испраќа артилериски гранати со јадра со осиромашен ураниум во Украина. Нејзината изјава предизвика исклучително остра реакција на руските власти, вклучително и на претседателот Владимир Путин. Но, како што пишува Би-Би-Си Русија, украински и руски експерти за оружје објавија дека муниција со збогатен ураниум се […]
Социјалните мрежи ги преплавија лажни фотографии од наводно апсење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува Тајмс. Making pictures of Trump getting arrested while waiting for Trump’
Земјотрес со интензитет од 5,4 степени по Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на брегот на Јапонија. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 60 километри и 621 километар југоисточно од градот Јокосука на островот Хоншу. Засега нема информации за материјална штета и опасност од цунами.
Хакерската група Ци0П (Ci0P) се стекнала со податоци за вработени во Британскиот фонд за заштита на пензиите користејќи услуга за пренос на податоци од трета страна, објави Блумберг. Фондот управува со имотот од 39 милијарди фунти од своите 295.000 членови и ги штити луѓето со пензија кога работодавецот ќе стане несолвентен. Во соопштението на Фондот […]
Пратениците на американскиот Конгрес на денешната седница го обвинија извршниот директор на ТикТок, Шу Зи Чу, дека апликацијата овозможува достапност на штетна содржина и предизвикува „емоционална вознемиреност“ кај младите корисници. Републиканската пратеничка Кети Мекморис Роџерс на почетокот на сослушувањето во Конгресот рече дека за неколку минути по отворањето нов налог на ТикТок, алгоритмот на апликацијата […]
Црногорската полиција денеска уапсила маж за кој има сомневања дека е еден од најбараните бегалци во светот. -Станува збор за јужнокорејскиот државјанин До Квон, ко-основач и извршен директор на компанијата „Тераформ лабс“ од Сингапур, соопшти црногорскиот министер за внатрешни работи Филип Аџиќ, додавајќи дека се уште се чека на официјалната потврда за идентитетот. Министерот Аџиќ […]
Претседателот на САД Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, ги поздравија муслиманите низ целиот свет за почетокот на Рамазан, „светиот месец на постење, преродба, добротворство, богослужение и развој“. -САД ја потврдуваат подршката на муслиманските заедници кои се судираат со тешкотии и уништивање. Продолжуваме да стоиме со луѓето во Турција и Сирија, кои изгубија многу […]
Европската Унија ја осудува заканата на високиот претставник на Русија, Дмитриј Медведев, за употреба на сила против Меѓународниот кривичен суд и Холандија, земјата во која се наоѓа таа институција, соопшти денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел. Во врска со изјавата на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, дека хиперсонична ракета може […]
Еден од најбараните светски бегалци е уапсен во Подгорица, соопшти тамошниот министер за внатрешни работи, Филип Аџиќ. Црногорската полиција приведе лице, кое е осомничено дека е еден од најбараните бегалци, јужнокорејскиот државјанин До Квон, коосновач и извршен директор на Terraform Laps, со седиште во Сингапур, напиша Аџиќ. Поранешниот крал на криптовалутите, кој стои зад загуби […]