Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија во понеделникот надмина 25.000, покажуваат податоците од двете земји. Земјотресите со епицентар во Кахраманмарас беа трипати посилни и поразорни од претходната, најголемата катастрофа во 1999 година, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган при посетата на Дијарбекир, пренесува Анадолија. Земјотресот окарактеризиран како „катастрофа […]
Финскиот претседател Саули Нинисте денеска изјави дека верува оти Финска и Шведска ќе бидат примени во НАТО во јули и посочи дека сака САД да ја притиснат Турција да ги одобри барањата за членство што ги поднесоа две држави. Нинисте изјави дека доколку се пролонгира решавањето на проблемот, ќе се доведе во прашање целиот процес […]
Германската Федерална служба за техничка помош (германска служба за итни случаи) и германскиот огранок на хуманитарната организација Меѓународна советодавна група за пребарување и спасување (ИСАР) привремено ги прекинуваат спасувачките операции во турскиот округ Хатај погоден од земјотресот од безбедносни причини, јави ДПА. Безбедносната ситуација во јужната област Хатај се влоши во последните часови, соопштија денеска […]
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили вчера извршиле голем напад врз критично важни енергетски објекти на украинскиот воено-индустриски комплекс. Министерството не ги идентификуваше енергетските капацитети за кои тврди дека биле погодени. Тие велат дека нападот го блокирал и транспортот на странско оружје и муниција по железнички пат до бојното поле во Украина. Русија […]
Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека 25.067 припадници на турските вооружени сили се распоредени во подрачјата погодени од земјотресите на југот на Турција, јавува Анадолија. Акар истакна дека 63 авиони, преку коридорот за воздушна помош, во регионот превезле 9.780 експерти и 625 тони опрема. Тој додаде дека припадниците на турските сили придонесуваат во […]
Брачен пар и нивните четири деца беа спасени откако поминаа 101 час заробени под урнатините. Семејството успеало да преживее собирајќи се заедно во мал воздушен џеб под урната зграда во Искендерун, провинцијата Хатај. Светските медиуми известуваат и за бебе старо 10 дена кое било извлечено од под урнатините заедно со мајката, 90 часа по катастрофата. […]
Бројот на загинати од разорните земјотреси кои во понеделникот ги погодија Турција и Сирија достигна најмалку 24.178, соопштија властите. Во Турција, бројот на загинати се искачи на најмалку 20.665, според агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби во земјата САКОМ. Во Сирија, вкупниот број на загинати е 3.513, вклучително и 2.166 во областите под […]
Три лица се спасени од урнатините на зграда во сирискиот град Џебла, околу 110 часа по смртоносниот земјотрес што го погоди регионот во понеделникот, јавија локалните медиуми. Телевизиските снимки во живо од местото на настанот покажаа сириски и либански спасувачки тимови како извлекуваат две лица од урнатините, додека случајните минувачи ракоплескаа и извикуваа „Господ е […]
Русија е подготвена за преговори со Украина врз основа на постоечката реалност, без предуслови, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин во интервју за ТВ каналот „Ѕвезда“, пренесе ТАСС. – Да, класиката покажува дека секоја воена акција завршува со преговори, и секако веќе изјавивме дека ќе бидеме подготвени за такви преговори. Но само […]
Спасувачката група „Бели шлемови“ ги обвини Обединетите нации за неуспешната реакција во областите под контрола на бунтовниците во северозападна Сирија по земјотресот. Користејќи го долгогодишното искуство стекнато за време на долгата војна во Сирија, Белите шлемови ги водат спасувачките напори во областите под контрола на бунтовниците без речиси никаква надворешна помош. – ОН извршија злосторство […]