Чудо во Турција: Татко, мајка и четири деца извлечени живи по 101 час под урнатините

Брачен пар и нивните четири деца беа спасени откако поминаа 101 час заробени под урнатините.

Семејството успеало да преживее собирајќи се заедно во мал воздушен џеб под урната зграда во Искендерун, провинцијата Хатај.

Светските медиуми известуваат и за бебе старо 10 дена кое било извлечено од под урнатините заедно со мајката, 90 часа по катастрофата. Новороденчето, по име Јагиз Улас, било пронајдено од тимови за пребарување и спасување во провинцијата Хатај, според официјални лица.

Спасувачите лееја солзи радосници кога ги ослободиле сопружниците. Се слушаа извици „Господ е голем“ додека Хаџи Мурат Килинч и неговата сопруга Разије беа носени низ толпата на носилки до амбулантно возило во Искендерун.

Еден спасувач рече дека мажот им кажувал шеги на спасувачите додека тие уште биле заробени под урнатините, обидувајќи се да им го подигне моралот, пишува Sky News.

Додека уште бил под урнатините дури побарал и цигари и чај.

Во близина на епицентарот на земјотресот во градот Газијантеп, спасувачите го спасија и Аднан Мухамед Коркут од подрум каде што бил заробен од земјотресот, пишува Sky News.

Заробен 94 часа, 17-годишникот рече дека бил принуден да ја пие сопствената урина за да преживее.

Тој се насмевна на толпата пријатели и роднини кои плачеа со солзи радосници додека го носеа и го ставаа на носилки.

Спасена е и 85-годишната Зејнеп, која преживеала 85 часа под урнатините.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ