ЦЕЛИОТ СВЕТ САКАШЕ, НО ЕВЕ КОЈ ГО ПОСВОИ БЕБЕТО – нејзиното име доживотно ќе ја потсетува на судбината која ја има (ФОТО)

Сириското штотуку родено девојче чија мајка умре откако се породи под рушевините по земјотресот сакаше да ја посвои целиот свет, но сепак тоа го направи нејзин близок роднина.

Девојчето ќе се вика Аја што на арапски има неколку значења, а меѓу другото и „Чудо“ и „дар од Бога“.

За жал и домот на нејзиниот роднина е уништен во земјотресот, па во моментов тој и негово 11 члено семејство живее во шатор.

-По земјотресот никој не може да живее во својата куќа или зграда. Само десет проценти од зградите овде се сигурни за живот, вели тој.

Спасувачките екипи ја пронашле Аја во понеделникот вечерта, повеќе од 10 часа по земјотресот додека копале под рушевините во кои живееле нејзините родители.

Нејзината мајка Абу Хадије најверојатно ја родила ќерката, а потоа починала, а како што вели докрот Хани Мароуф таа починала неколку часа откако се породила.

-Ја крстивме Аја за да престанеме да го викаме бебето новороденче, вели докторот.

Тој додава дека нејзините родители загинале под урнатините, а девојчето е во стабилна состојба и нема скршеници на карлицата како што првично се мислеше.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *