Делови од сателит на НАСА би можеле да паднат на Земјтата

Делови од сателит на Американската вселенска агенција (НАСА), стар 38 години, викендот ќе падне на Земјата, соопшти НАСА.

Поголемиот број делови од сателитот тежок 2.440 килограми ќе согорат во атмосферата, но се претпоставува дека некои делови сепак ќе паднат на Земјата.

Според НАСА, веројатноста некој да биде повреден при пад на деловите од сателитот се „еден на 9.400“.

Според „Аероспејс“ делови од сателитот ќе паднат утре долж линијата што минува низ Африка, Азија, Блиски Исток и најзападните области на Северна и Јужна Америка.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *