Џеф Зајентс е нов шеф на кабинет на американскиот претседател

Белата куќа денеска соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден за свој нов шеф на кабинет го избрал поранешниот координатор за коронавирус Џеф Зајентс.

Британските медиуми наведуваат дека Зајентс доаѓа на местото на актуелниот шеф на кабинет, Рон Клајн, објави Ројтерс.

Џефри Данстон Зајентс претходно, од февруари 2014 до јануари 2017 година, беше директор на Националниот економски совет, а претходно и вршител на должноста директор на Канцеларијата за менаџмент и буџет во 2010 година и од 2012 до 2013 година.

Зајентс пред да влезе во американската администрација долги години бил извршен директор во неколку компании.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *