Среда, 18 ноември 2026 среда, 18 ноември Струга 16°C Струга 16°C Пријави вест
Свет

Џозеф Бајден е во нова фаза од лекувањето на ракот со радиотерапија и хормонска терапија

Објавено: · 1 мин читање
Џозеф Бајден е во нова фаза од лекувањето на ракот со радиотерапија и хормонска терапија

Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден е во нова фаза од третманот за агресивна форма на рак со радиотерапија и хормонска терапија, објави денес неговиот портпарол.
„Како дел од неговиот план за третман на рак на простата, претседателот Бајден моментално прима радиотерапија и хормонска терапија“, изјави портпаролот на поранешниот американски претседател, според NBC News.
Се очекува радиотерапијата да трае пет недели и претставува нова фаза во неговиот третман, рече портпаролот.