Двајца повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево – Струга

Денеска во 00.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 75-годишниот Џ.Е. од Охрид и патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Б.К. од село Обршани, прилепско, извести МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Џ.Е., а со телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фолксваген“, Т.Е.(57) од Република Албанија, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ