Европскиот парламент вечерва ја почна повеќемесечната постапка за одземање на имунитетот од кривично гонење на двајца пратеници кои белгиските истражители сакаат да ги испрашаат за корупциски скандал.
Собраниската комисија за правни прашања ќе ги разгледа барањата и ќе побара во рок од еден месец да се донесе заклучок за да може парламентот да гласа на следната редовна седница во средината на февруари.
Италијанецот Андреа Коцолина и Белгиецот Марк Тарабела, двајцата членови на левиот центар на социјалистите и демократите на Европскиот парламент, преку своите адвокати негираат дека сториле каков било прекршок.
Грчката европратеничка Ева Каили и поранешниот италијански пратеник Пјер Антонио Панцери, заедно со уште двајца, се во белгиски притвор под обвинение за корупција и перење пари поврзани со наводни плаќања од Катар. Државата Катар и Каили негираа дека сториле нешто лошо, додека адвокатот на Панцери одби да коментира, а целата афера е наречена „Катаргејт“. (МИА)
2 Comments
Hello there, just became aware of your blog
through Google, and found that it’s really informative.
I am going to watch out for brussels. I will be grateful if you continue
this in future. Numerous people will be benefited from your writing.
Cheers! Najlepsze escape roomy
Hey I know this is off topic but I was wondering if
you knew of any widgets I could add to my blog that automatically tweet my newest twitter updates.
I’ve been looking for a plug-in like this for quite
some time and was hoping maybe you would have some
experience with something like this. Please
let me know if you run into anything. I truly enjoy reading your blog and I look forward to your new updates.