Турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган денеска изјави дека некои хотели во одморалиштето Анталија ќе бидат привремен дом за преживеаните од земјотресот, во кој вчера загинаа неколку илјади луѓе на југот на Турција.
„Се прават планови хотелите, кои веќе ги намалија активностите поради зимскиот период, да ги примат жртвите од земјотресот. Во регионот на Анталија за оваа намена се подготвени 50.000 кревети“, рече Ердоган, пренесува Си-Ен-Ен.
Ердоган откри дека досега од урнатините се извлечени 8.000 луѓе, а повредените се префрлени во болниците во Мерсин, Истанбул и Анкара.