Ердоган: Општите избори во Турција ќе се одржат на 14 мај

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека општите избори во Турција ќе се одржат на 14 мај, еден месец пред датумот што го објави претходно.

Анкетите покажуваат дека парламентарните и претседателските избори ќе бидат неизвесни и ќе бидат најголемиот тест за поддршка на Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во изминатите две децении.

Ердоган обраќајќи им се на пратениците од неговата АКП истакна дека Турците ќе гласаат на истиот датум како и на изборите во 1950 година. На изборите на 14 мај 1950 година, Демократската партија ја победи Републиканска народна партија (ЦХП), која владееше со Турција 27 години од нејзиното основање и е најголемата партија во денешниот опозициски сојуз.

Минатата година Ердоган најави дека гласањето ќе се одржи во јуни.

Владејачката АКП сe уште е најсилната турска партија и најверојатно ќе остане значајна сила во Парламентот, но анкетите покажуваат дека Ердоган имал помал рејтинг од некои потенцијални предизвикувачи.  (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *