ЕУ планира измени на легислативата за да се избегне недостиг на лекови

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, денеска на седницата на Европскиот парламент изјави дека со измените на фармацевтскиот закон во ЕУ ќе биде предвидена набавка на поголемо количество лекови и порано известување за недостиг.

„Нашата цел останува да обезбедиме пристап до лекови за сите пациенти на кои им се потребни, како и да избегнеме какво било нарушување на пазарот на лекови во ЕУ“, рече Киријакидес, алудирајќи на недостигот на антибиотици што е се поголем проблем за многу европски земји.

„Раниот пораст на респираторните инфекции во Европа оваа зима и недоволниот капацитет се главните причини за недостигот“, рече Киријакидес, додавајќи дека ЕУ ги применува сите регулаторни опции за да го зголеми производството на лекови и да го ублажи недостигот.

Таа додаде дека предлогот за ревизија на законот за фармација е планиран за март.

Во 26 европски земји е забележан недостиг на антибиотици, соопшти Европската агенција за лекови.  (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *