Финскиот претседател се надева дека до лето Финска и Шведска ќе станат членки на НАТО

Финскиот претседател Саули Нинисте денеска изјави дека верува оти Финска и Шведска ќе бидат примени во НАТО во јули и посочи дека сака САД да ја притиснат Турција да ги одобри барањата за членство што ги поднесоа две држави.

Нинисте изјави дека доколку се пролонгира решавањето на проблемот, ќе се доведе во прашање целиот процес на приклучување кон воениот сојуз.

-Ако прашањето не се реши со средбата во Вилнус, зошто би се случило потоа, рече тој. Литванија ќе биде домаќин на самитот на НАТО од 11 до 12 јули.

НАТО бара од сите земји-членки да одобрат пристапување на нови земји, а Турција и Унгарија се единствените држави од 30-члената воена алијанса кои формално не го поддржаа приемот на Шведска и Финска.

-Мислам дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во никој случај нема да дозволи да биде под влијание на каков било притисок од јавноста, рече Нинисте.

Тој додаде дека некаков договор за време на билатералните преговори меѓу Турција и САД може да има влијание.

Анкара на неодредено време го одложи клучниот состанок во Брисел на кој ќе се разговара за влезот на двете нордиски земји во НАТО.

Нинисте рече дека одложувањето не е главоболка само за земјите што сакаат да станат членки, туку и за земјите од НАТО.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *