Фокс Њуз ќе плати 787,5 милиони долари на производителот на електронски гласачки машини „Доминион“, после синоќешен договор во последен момент со кој е избегната тужба против радиодифузерот поради нејзините систематски тврдења дека компанијата се занимавала со „кражба“ гласови со цел Доналд Трамп да изгуби во претседателски избори 2020 година во САД.
Телевизискиот канал нагласи дека „ја зема предвид судската одлука која утврди дека одредени тврдења за Доминион се лажни“, како што рече судијата во наредбата од 31 март дека „кристално е јасно дека ниту едно тврдење за Доминион на изборите во 2020 година не е точно“.
„Лагите имаат последици“, рече адвокатот на Доминион, Џастин Нелсон, објавувајќи ја сумата што Фокс њуз се согласи да ја плати – 787,5 милиони долари. Компанијата што ја брани првично барала 1,6 милијарди долари.
Договорот го спасува бисерот на медиумската империја на Руперт Мардок од она што Њујорк Тајмс го опиша како „судење за клевета на векот“ и го поштедува Мардок (92) да мора да сведочи на суд.
Судењето со нетрпение се чекаше во САД, каде што се смета за тест за границите на слободата на изразување гарантирани со Првиот амандман на Уставот, како и борбата против дезинформациите. (МИА)