ФОТО: На возачот му се слошило, автобус со ученици од Ниш ја пробил банкината

Автобус со ученици од Ниш, Србија ја пробил железната банкина на автопатот кај Баточина во Србија, За среќа во сообраќајката нема повредени ученици.

Сообраќајната несреќа се случила околу 15 часот, на автопатот кај Баточина, во правец од Белград кон Ниш.

Автобусот кој превезувал ученици од гимназијата во Ниш, ја пробил заштитната ограда и застанал.

Според неофицијални информации, на возачот на автобусот му се слошило.

Тој се здобил со повреди, додека според првите неофицијални информации ниту еден од учениците не побарал лекарска помош.

Станува збор за учениците од неколку училишта во Ниш, кои како најдобри ученици биле на патување во Шпанија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *