Франција: Портокалово предупредување во 19 провинции поради опасност од поплави и бури

За 19 провинции во Франција е издадено портокалово предупредување поради предвидените поплави и бури, јавува Анадолија.

Противпожарните екипи реагираа на повеќе од 20 инциденти предизвикани од лошите временски услови во и околу Лион

Националната метеоролошка агенција Метео Франс предупреди на ветрови кои можат да достигнат брзина од 150 километри на час во провинциите Пиринеи-Атлантик и Горни Пиринејски, како и за поплави кои би можеле да бидат предизвикани од обилните дождови во многу провинции, вклучувајќи го и регионот Ил де Франс главниот град Париз.

Издадено е предупредување за 19 провинции.

Поплави се забележани во Лион, каде обилните дождови предизвикаа излевање на реката Рона. Додека противпожарните екипи реагираа на повеќе од 20 инциденти предизвикани од лошите временски услови во и околу Лион, властите побараа од граѓаните да бидат внимателни поради опасноста од поплави и паѓање дрвја.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ