Голем пожар во Белград, гори трговски центар, одекнуваат експлозии (ФОТО+ВИДЕО)

Во Белград гори голем трговски центар. Станува збор за таканаречениот кинески трговски центар. Во тек е евакуација на сите луѓе бидејќи се стравува од експлозии на плински боци.

Пожарот избувнал нешто пред седум часот.

Огнот голта сѐ пред себе, пишува Телеграф. Со пожарот се борат три хеликоптери и многу пожарникари. Според Телеграф, има над 50 пожарникари и 15 возила. Огромен црн чад се издигна над градот.

Голем пожар утрово избувна во кинескиот трговски центар во Блок 70 во Нов Белград, потврди МВР за Еуроњуз Србија.

Началникот на Секторот за вонредни состојби на српското МВР, Лука Чаушиќ, за ТВ Прва изјави дека пожарот бил пријавен во 6 часот и 57 минути и дека екипите пристигнале за само неколку минути, но дека пожарот веќе бил разгорен.

Тој истакна и дека има големо количество запалива материја и дека тешко дека ова ќе се спаси.

„Се надевам дека нема да има човечки жртви, се слушаат експлозии, се обидуваме да ги убедиме луѓето да не влегуваат за да си го спасат имотот, ситуацијата е сложена“, изјави Лука Чаушиќ.

Во градот се слушаат експлозии, објави Б92.

На терен се 13 противпожарни возила и 46 пожарникари.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ