Понеделник, 9 ноември 2026 понеделник, 9 ноември Струга 11°C Струга 11°C Пријави вест
Македонија

Големо поевтинување на горивата: бензините поевтини за 7 денари, а дизелот за 5,5 денари

Објавено: · 1 мин читање
Големо поевтинување на горивата: бензините поевтини за 7 денари, а дизелот за 5,5 денари

Цените на сите нафтени деривати бележат значително намалување откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поевтинување во просек за 7,51 процент во однос на цените утврдени на 2 ноември.

Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар. Новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката 88 денари за литар.

Дизелот ќе биде поевтин за 5,5 денари и ќе се продава по 94,5 денари за литар. Екстралесното масло за домаќинство поевтинува за 6,5 денари, на 103,5 денари за литар, додека цената на мазутот се намалува за 6,26 денари по килограм и ќе изнесува 49,31 денар.

Одлуката е донесена поради падот на берзанските цени на нафтените деривати и понискиот курс на доларот, но и како резултат на владините мерки за намалување на акцизите. Акцизата за бензините е намалена за два денара, а за дизелот за четири денари по литар. Дополнително, за дизелот се применува и намалена стапка на ДДВ од 10 проценти.