ГРОБ ДО ГРОБ: Работници копаат вечни почивалишта за загинатите во Турција

Турски работници копаат гробници за жртвите од земјотресот на гробиштата во Дијарбекир, Турција. Гроб до гроб, за да има место да се закопа огромен број на загинати по трагедијата.

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 5.100, а десетици илјади се повредени. Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.

Огромната спасувачка операција се уште трае. Студеното време ја отежнува потрагата по преживеани.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *