Од вчера немало никаков контакт со Хашем Сафиедин, потенцијалниот наследник на убиениот лидер на Хезболах Сајед Хасан Насрала, изјави денеска либански безбедносен извор по израелскиот воздушен напад наводно насочен кон Сафиедин.
Во кампањата против либанската група поддржана од Иран, Израел во четвртокот навечер изврши голем напад врз јужните предградија на Бејрут, а американската веб-страница Аксиос цитираше изјави на тројца израелски официјални лица кои рекоа дека цел на нападот била Сафиедин, кој бил во подземен бункер.
Либански безбедносен извор и два други либански безбедносни извори објавија дека израелските напади врз Дахија, станбено предградие, некогаш раздвижено и густо населено подрачје на Бејрут и упориште на Хезболах, ги оневозможиле спасувачите да го пребаруваат местото на нападот.
Големи делови од населбата беа претворени во урнатини, поради што жителите побегнаа во други делови на Бејрут или Либан. Во северен Израел, сирените за воздушен напад ги испратија луѓето да избегаат во нивните засолништа поради ракетниот оган од Либан.
Хезболах сè уште не објави никаков коментар за Сафиедин.