Израелската армија уби тројца вооружени палестински напаѓачи на Западниот брег

Израелски војници утрово убија тројца вооружени Палестинци, кои нападнаа пункт на армијата на окупираниот Западен Брег, соопшти израелската армија. Во соопштението се нагласува дека четвртиот напаѓач е приведен откако се предал. Инцидентот се случи во близина на градот Наблус, во северниот дел на Западниот Брег.

Не сметајќи го денешниот инцидент, најмалку 75 Палестинци се убиени од страна на израелската војска за време на воени напади и други судири од почетокот на годината. Од почетокот на годината, најмалку 14 Израелци се убиени во палестински напади.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *