Кина и Иран ја зајакнуваат соработката

Кина го поддржува Иран во заштитата на националниот суверенитет и неговиот отпорот на унилатерализмот и тормозењето, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на вчерашната средба со иранскиот колега Ебрахим Раиси.

На средбата Си и Раиси изразија намера за натамошно продлабочување на економските и трговските врски меѓу нивните земји. И двајцата сакаат да продолжат по патот инициран во септември минатата година на Самитот во Самарканд, каде Техеран ја поднесе својата апликација за приклучување кон Шангајската организација за соработка, во која членуваат Кина, Русија, Пакистан и Индија.

Си и Раиси присуствуваа на потпишувањето на 20 договори за соработка, вклучително и трговијата и туризмот. Со новите договори се надополнуваат на 25-годишниот стратешки договор, потпишан во 2021 година, што вклучува партнерство во различни области како што се енергијата, безбедноста, инфраструктурата и комуникациите.

Кина е еден од најголемите купувачи на иранска нафта.

Пекинг долго време бара начини да ги зајакне врските со Техеран. Си за време на посетата на Иран во 2016 година ја опиша земјата како „главен партнер на Кина на Блискиот Исток“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *