Кина: Oд почетокот на декември, смртните случаи поврзани со Ковид надминаа 80.000

Смртните случаи поврзани со Ковид-19 надминаа 80.000 во Кина од почетокот на декември, објави денеска „Џијангкан шибао“, пренесува ТАСС.

Според кинеското издание, бројот на починати од 8 декември до 9 февруари изнесува 83.150. Од почетокот на годината стапката на смртност почна да се намалува.

Најмногу заразени починале на 4 јануари – 4.273, додека на 6 февруари бројот на починати бил 102.

Од сите починати, над 92 отсто имале коморбидети. Причина за останатите смртни случаи е функционално откажување на респираторните органи.

На 8 јануари, кинеските здравствени власти го отстранија Ковид-19 од нивната листа на најопасни болести. Наспроти ова, тие значително ги олеснија мерките против ширењето на коронавирусот во земјата и најавија етапно укинување на ограничувањата за патување во странство.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *