Среда, 25 ноември 2026 среда, 25 ноември Струга 3°C Струга 3°C Пријави вест
Македонија

Метео аларм за Македонија: Доаѓа снег и ниски температури

Објавено: · 1 мин читање
Метео аларм за Македонија: Доаѓа снег и ниски температури

Под влијание на циклонска активност од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела(над 20 л/м2), . Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително заладување и врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места.

Од вторник(09.01) времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури.

Во Скопје денес и утре ќе се задржи магливо време со пониска дневна температура.

Во сабота ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Во недела ќе се задржи претежно облачно време со повремен дожд, а во понеделник заради спуштање на студена воздушна маса ке дува засилен северен ветер и во повисоките делови од котлината ќе има услови за повремен снег.