На донаторска акција во Турција собрани 6 милијарди долари за жртвите од земјотресот

Околу 15,1 милијарди лири (6,1, милијарди долари) беа собрани на синоќешната донаторска акција организирана во Турција која беше емитувана на 213 домашни и меѓународни телевизии и 562 радија.

Во рамките на кампањата „Турција едно срце“ биле испратени и повеќе од девет милиони смс пораки со кои се донираат средства за погодените во земјотресот во Турција.

Меѓу донаторите имало турски политичари, државни институции и граѓани, јави Анадолија. Турската централна банка беше најголемиот донатор, која вети 1,6 милијарди долари, додека банките Зираат и Вакиф донираа 1 милијарда и 637 милиони долари.

Во акцијата учествуваа речиси сите турски филмски и телевизиски актери кои се јавуваа на телефоните на кои се донираше, како и други јавни личности.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *