Над 52.000 загинати во земјотресот во Турција и Сирија

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција овој месец се искачи на 43.556, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Сојлу за телевизијата ТРТ Хабер изјави дека по првиот земјотрес на 6 февруари следеле уште 7.930 последователни потреси.

Наведе дека над 600.000 станови и 150.000 деловни простории претрпеле штета.

Силни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погодија Турција на 6 февруари, како и во Сирија. Бројот на загинати во Сирија надмина 8.500, соопшти директорот за итни случаи на СЗО во регионот на источниот медитеран Рик Бренан.

На 20 февруари турската провинција Хатај беше погодена од уште два силни земјотреси од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *