Најмалку 157 Авганистанци починаа од студ

Најмалку 157 луѓе починаа од премрзнување во Авганистан. Бројот на починати двојно е зголемен за помалку од една недела.

Авганистан се соочува со една од најстудените зими, со температури дури до минус 28 степени Целзиусови, што е многу под националниот просек, што изнесува од нула до пет степени за овој период на годината.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (УНОЦХА) на Твитер објави дека доставува помош како ќебиња, греалки и обезбедува засолништа за околу 565.700 луѓе, но оти потребите се многу поголеми.

Портпаролот на авганистанското Министерство за управување со катастрофи Шафиула Рахими изјави дека замрзнале околу 70.000 грла добиток исто така замрзнаа низ целата земја.

Кризата во Авганистан се продлабочи откако најмалку шест големи странски хуманитарни организации ги прекинаа своите во декември, откако талибанците им забранија на Авганистанките да работат за нив. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *