Шолц: Германија секогаш ќе ја поддржува Украина, но НАТО не смее да влезе во конфликтот

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека Германија секогаш ќе биде предводник на поддршката на Украина во војната против Русија, но ќе се обиде да се погрижи конфликтот да не ескалира до точка каде што ќе биде вклучен и НАТО.

Британските медиуми пренесуваат дека Германија денеска го одобри испраќањето на тенковите „Леопард 2“ во Украина, како и нивен реекспорт од партнерските земји.

-Германија секогаш ќе биде во првите редови кога е во прашање поддршката за Украина, рече Шолц.

Во првиот пакет за Украина ќе бидат испорачани 14 тенкови „Леопард“ од германските воени резерви, а Германија за нив ќе обезбеди и логистика и муниција.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *