Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ – Министерот: „Страв и ужас“

Само во областа Јабланица, 16 лица загинаа во поплавите и одроните што ја погодија БиХ, додека две лица се удавија во Фојница, со што вкупниот број на загинати се искачи на 18, а се стравува дека оваа бројка може да биде значително поголема.

Урнати се голем број куќи, се урнаа патишта, мостови, па дури и железничка пруга. Се бара сместување за голем број луѓе кои останале без покрив над главата.

„Досега е утврдено дека загинале 16 лица“, соопшти МУП на Херцеговско-неретванската жупанија, мислејќи на жртвите чии тела се пронајдени во Јабланица.

Јабланица беше најтешко погодената општина во синоќешните поплави.

Според пишувањата на медиумите, во населбата Јабланица се бараат десетици луѓе, па се стравува дека црниот биланс од поплавите е многу поголем.

Според последните информации, на тоа подрачје се водат за исчезнати 40 лица.

Местото го посети и министерот за одбрана, Зукан Хелез, кој на лице место ги виде размерите на катастрофата.

„Поради планираните летови со хеликоптер, можам да останам само 45 минути, бидејќи копнен пристап е дозволен само на единиците кои учествуваат во спасувачката операција“, рече тој.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ