Наместо кај баба си, турска кошаркарка замина во рајот – пронајдена под урнатините

Катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија досега зеде повеќе од 30.000 животи, а меѓу жртвите има и многу спортисти. Меѓу оние што настрадаа е и младата кошаркарка Нилај Ајдоган, чија судбина е срцепарателна.

Нилај беше пронајдена мртва при расчистувањето на урнатините во Малатија. Турската репрезентативка во кошарка 3 на 3 и студентка на Универзитетот „Чанкај“ отишла да ја посети баба си во Малатија, но наместо тоа, замина во рајот.

Ја дознавме трагичната вест за смртта на Нилај Ајдоган, студентка на Универзитетот „Чанкај“, која играше на националното првенство за жени. Нејзината душа нека почива во мир. Изразуваме сочувство до семејството, роднините и до целиот кошаркарски свет – стои во објавата на Инстаграм на Универзитетот „Чанкај“.

Таа е само една од многуте по кои се трагаше, но потрагата заврши трагично.

Поранешната репрезентативка на Србија, Бојана Вулиќ, се прости од неа со многу емотивна порака.

Синоќа те сонував… И не успеа… Патувај со ангелите, лесна нека ти е земјата – напиша Вулиќ на Инстаграм.
Двете кошаркарки беа соиграчки во турска Јалова во 2017 година.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *