Петок, 20 ноември 2026 петок, 20 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Свет

НАТО и ЕУ ветија зајакнување на поддршката за Украина

Објавено: · 1 мин читање
НАТО и ЕУ ветија зајакнување на поддршката за Украина

НАТО и ЕУ денеска ветија дека ќе ја зајакнат својата поддршка за Украина во борбата против руската инвазија и ќе ја зајакнат соработката меѓу Европа и Алијансата предводена од САД.

„Мораме да продолжиме да го зајакнуваме партнерството меѓу НАТО и Европската унија. И мора дополнително да ја зајакнеме нашата поддршка за Украина“, рече шефот на НАТО Јенс Столтенберг по потпишувањето на заедничката декларација со највисоките претставници на ЕУ. (МИА)