НАТО ја поздрави одлуката на Берлин да дозволи испораки на тенкови за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази задоволство од одлуката на Германија да дозволи испораки на тенкови од германско производство на Украина.

„Силно ја поздравувам одлуката на канцеларот Олаф Шолц“, напиша Столтенберг на Твитер. Тој истакна дека одлуката на Берлин била договорена со сојузниците од Алијансата.

Генералниот секретар уште додава дека во овој клучен час од војната што ја започна Русија, одлуката може да и помогне на Украина да се одбрани, да победи и да опстане како независна земја.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *