НЕ ЗНАЕ КАКО ПРЕЖИВЕАЛЕ – мајка роди близнаци далеку од родниот дом, голготата ќе ја памети додека е жива (ВИДЕО)

Близнаците на брачниот пар Ташдемир чиј дом го проголта земјата по двата страотни земјотреси се родија непосредно по потресите додека над 30 илјади луѓе останаа вечно заглавени под урнатините.

Двете близначиња ги добија имињата Каан и Јигит и се родени во Анкара откако нивните родители успеале да се спасат и со сопствени средства заминат далеку од погоденото подрачје.

Мајката опишувајќи го моментот вели дека не знае како се спасиле со нејзиниот сопруг.



„Тој ден бев дома, наеднаш почна да се тресе се и не знам како наеднаш се најдовме надвор пред куќата. Снема струја и бевме толку многу потресени што на улица останавме дури целиот нареден ден. Иако се подготвував претходно за своето породување, на крајот не испадна како што очекував и сакав. Сепак двете близначиња се во одлична состојба“, раскажува мајката.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *