Нов директор на болницата за нефрологија во Струга

Mинистерот за здравство Арбен Таравари денеска именуваше нови в.д. медицински директори. На универзитетската клиника за Торакална и васкуларна хирургија е назначена докторка Марија Срцева, Цветанка Бајрактарова е нова в.д. директорка на Стоматологија, на универзитетскиот Институт за клиничка биохемија е именувана докторка Николина Гроздановска, а за Специјализираната болница за нефрологија во Струга се именува доктор Берат Лена.

Претходно министерот разреши и неколку директори. Меѓу нив директорот на Градската општа болница „8 Сепември“, на универзитетска клиника за Пулмологија, на скопска Гинекологија како и на Клиниката за детски болести.

Кога седна на министерското столче, Таравари најави дека нема да има економски директори во здравството.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ