По земјотресот во Кахраманмараш преживеаните не може да си дојдат при себе иако поминаа 11 дена по потресот.
Една од нив е и учителката Хава Косе која го преживеала ужасниот пекол на 6 февруари рано утрото.
Таа денес со поддршка на новинарските екипи успеа да влезе во својот стан кој го посетува прв пат по потресот пред една недела.
Од камерите може да се забележи вистински хорор во внатрешноста на зградата, а предметите кои останале здрави потсетуваат на убавите времиња и хармоничниот живот пред земјотресот.
„Живеам сама, за време на потресот не можев да излезам низ врата бидејќи плакарот падна пред врата и ме зароби со часови. Потоа едвај се спасив додека ги слушав соседите како плачат и врескаат на сите страни“, раскажуваа таа.