ОН упатија итен повик за помош за Сирија од околу 400 милиони долари

Обединетите нации упатија апел за 397 милиони долари за помош на жртвите од земјотресот во Сирија, каде се загинати илјадници луѓе, а на милиони други им треба итна помош.

– Денеска објавувам дека ОН упатија хуманитарен апел за 397 милиони долари за населението погодено од земјотресот во Сирија. Тоа ќе биде доволно за три месеци, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Тој ги повика сите земји-членки на ОН „целосно и без одлагање да го финансираат“ повикот за помош за гарантирање на хуманитарната помош која, како што наведе, „очајнички им е потребна на речиси пет милиони Сиријци“ и која вклучува засолништа, медицинска нега и храна.

„Потребите се огромни и сите знаеме дека спасувачката помош не доаѓа со потребната брзина или обем“, рече генералниот секретар на ОН.

Тој истакна дека една недела по разорните земјотреси, милиони луѓе ширум регионот се борат да преживеат, без покрив над главата и се соочуваат со ниски температури.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *