Османи прогласи победа: „Европскиот фронт останува локомотива за европската иднина“

Кандидатот на ДУИ за претседател на државата, Бујар Османи веќе прогласи голема победа кај албанскиот блок со над 40 илјади гласови. Според резултатите што ги соопшти, тој освоил најмногу гласови во Сарај, Чаир, Тетово и Кичево, како и други помали градови и општини.

-Оваа победа значи дека Европскиот фронт останува локоматива за европската иднина. Денес Албанците, Турците, Ромите докажаа дека самите одлучуваат за својата иднина. Волјата на народот е јасна и треба да се почитува од сите, рече Османи на прес-конференција во партијата од Мала Речица.

Од досегашните резултати на ДИК, може да се види дека Османи освоено 94.585 гласови пред противкандидатот од албанскиот блок, Арбен Таравари со 67.604 гласови.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ