Пакистан без струја поради хаварија на електричната мрежа

Голема хаварија во електричната мрежа предизвика прекин на струјата ширум Пакистан, соопшти Министерство за енергетика.

-Според првичните информации,  во седум часот и 34 минути по локално време, националната мрежа претрпе загуба на фреквенција што предизвика голем дефект. Во тек се итни активности за активирање на системот, се посочува во соопштението на пакистанското Министерство за енергетика.

Нема електрична енергија во сите поголеми градови, вклучувајќи ги Карачи, Исламабад, Лахоре и Пешавар.

Пакистанскиот министер за енергетика Хурум Дастагир истакна дека флуктуации на фреквенцијата на напонот се појавиле во јужниот дел на земјата кога утрово биле вклучени системите. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *