Пастор се обидел да пости како Исус па починал

Пасторот Франциско Барајах почина откако се обидел да пости 40 дена, по примерот наведен во Библијата, имитирајќи го Исус.

Бараја (39) воедно и основач на Евангелистичката црква Санта Триндад, починал во болница во градот Беира, каде што бил префрлен во критична состојба, при што му е констатирана акутна анемија и откажување на органите за варење. Тој 25 дена не пиел вода и не јадел ништо.

Бараја, исто така, бил учител по француски јазик во градот Месика во централната провинција Маница, на границата со Зимбабве.

Членовите на црквата Санта Триндад изјавија дека не е невообичаено свештеникот и неговите следбеници да постат, но не толку долго.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *