Почнува најголемиот саем за воена опрема во Абу Даби

Од 20 до 24 февруари Обединетите Арапски Емирати и градот Абу Даби ќе бидат домаќини на шеснаесеттата меѓународна изложба на оружје и воена опрема „IDEX 2023“ и седмото издание на Поморската воена изложба“ NAVDEX 2023“ – најголемите настани од таков вид во светот, каде се прикажуваат најновите иновации и технологии во меѓународниот одбранбен сектор, како и најновите технологии и опрема развиени од одбранбените сектори ширум светот.

Во петте саемски дена ќе бидат претставени експонати на 165.000 квадратни метри отворен и затворен простор во рамките на Националниот изложбен простор. Ќе учествуваат 1.350 излагачи од 65 земји, како и 82 старт-ап компании од 25 земји, најавија организаторите.

На настанот ќе присуствуваат 350 делегации на високо ниво од целиот свет, како и бројни лидери, претставници од меѓународни одбранбени и безбедносни компании и експерти од целиот свет.

Организаторите проценуваат дека ќе има повеќе од 130.000 посетители, со што ќе се урне рекордот од претходното издание на саемот.

Повеќе од 30 земји ќе имаат свои национални павилјони, а традиционално најголем павилјон ќе бидат Обединетите Арапски Емирати, додека Турција е веднаш зад нив.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *